ПРОМО: КУПИ 2 ПАРЧИЊА · ДОБИЈ 1 БЕСПЛАТНО
SOLIS

Грижа за накитот

Нашите парчиња се направени за секој ден. Со неколку мали навики, сјајот на завршницата и камчињата трае многу подолго.

Подалеку од вода

Тргни го накитот пред туширање, капење, пливање во море или базен и пред сауна. Солта, хлорот и сапунот најбрзо ја трошат завршницата. Ако се навлажни, веднаш исуши го со мека крпа.

Прво парфем, па накит

Парфемот, кремата, лосионот, лакот за коса и средството за дезинфекција стави ги и остави ги да се впијат, па дури потоа стави го накитот. Последно го ставаш, прво го тргаш.

Пауза при спорт и работа

Тргни го пред вежбање, спорт, чистење со хемикалии, работа во градина и пред спиење. Потта, ударите и влечењето ја трошат завршницата и можат да ги олабават камчињата.

Нежно чистење

По носење избриши го со мека и сува крпа без влакненца, на пример крпа за очила. Не користи пасти, груби крпи, четки, ултразвучни уреди ниту средства за полирање сребро.

Чувај го одделно

Секое парче чувај го во мека кесичка или кутија, на суво место и подалеку од бањата. Синџирчињата закопчај ги за да не се заплеткаат, а парчињата чувај ги одделно за да не се изгребат.

Подалеку од топлина

Не го оставај накитот на директно сонце, во жежок автомобил или покрај радијатор. Топлината и влагата ја оштетуваат завршницата.

Обетки

  • Обетките се лични: не ги позајмувај и не ги давај на пробување.
  • Игличката повремено избриши ја со памуче натопено во малку медицински алкохол, само на самата игличка, и исуши ја. Алкохолот да не дојде до завршницата и камчињата.
  • Ако ушите ти се чувствителни, тргни ги обетките пред спиење.

Синџирчиња, нараквици и прстени

  • Закопчувачите отворај ги и затворај ги нежно, без влечење на синџирчето.
  • Прстените тргни ги пред работа со раце, кревање тегови и носење тешки торби. Притисокот може да го искриви прстенот или да олабави камче.

Што е нормално

Завршницата е тенок слој. Со текот на времето и честото носење може постепено да избледи, најмногу на местата што најмногу се допираат со кожата. Тоа е природно трошење. Колку повеќе ги следиш советите погоре, толку подолго парчето изгледа како ново.

Кога да ни пишеш

Ако камче испадне, закопчувачот не држи или парчето стигнало оштетено, пиши ни. Роковите и постапката се во Враќање и замена.

Назад кон колекцијата
МАЛКУ ПОБЛИСКУ ДО НАС

Убавите нешта се споделуваат.

Нови колекции, мали инспирации и вести од нашиот свет. Директно во твоето сандаче.

Што ти фати око?

Твојата кошничка

Враќање во рок од 14 денаПлаќање при достава
SOLIS

Уште еден мал чекор.

Твојот избор

Плаќање во готово при доставаБез претплата. Директно на твојата адреса.

Податоци за достава

Внеси ги податоците за достава. Плаќаш кога ќе пристигне твојата нарачка.

Со нарачувањето ги прифаќаш условите за купување и политиката за приватност. Прочитај ги условите

SOLIS